Нова Година, најголемата илузија на светот...

Сонот на секое дете е новогодишна елка, а под неа подароците кои долго време ги посакувале.

Дедо со бела брада, голем стомак, црвена облека, санка која ја влечат ирваси кои можат да летаат, влегува низ оџак со полна вреќа подароци.

Хо-хо-хо... млеко и колачиња...

Но меѓу сите овие шарени дребулии, најубав беше чоколадниот Дедо Мраз што децата го ставија под елката.

Дедо Мраз постоел се додека една новогодишна ноќ (негде пред десетина години) заборавил да му однесе подарок на Чак Норис.

И вие вака откривате дека Дедо Мраз е убиен?!

Ех, да можевте да ја видите мојата реакција кога дознав. Зарем сега, токму пред новогодишната ноќ мораше да се открие вистината?! - Се прашував... А имав толку многу желби за исполнување...

Во наредните години, продолжив да му праќам писма, бидејќи очекувам да воскресне во скоро време...

Драги Дедо Мраз,

Сигурно веќе не те изненадуваат моите писма. Еве неколку години ја имам истата желба... затоа ќе бидам краток, знам дека имаш многу божиќни желби за читање.

Сакам 25 000 000 000 евра – друго сам ќе си исполнам, ич нема да те гњавам.

 

Со љубов,

твојот, Зоки Роки

 

Писмото го испратив... и сега чекам да се случи чудо во наредниве година дена.